На 13.01.2023 во 19:50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле М.Ж.(23) од Скопје затоа што во угостителски објект на ул.„Пролет“ се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот.
Притоа, кај него биле пронајдени два боксирачи.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.