вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Апсење во Скопје – 53 годишник бил баран за издржување на затворска казна поради кражба

Апсење во Скопје – 53 годишник бил баран за издржување на затворска казна поради кражба

Денеска (02.11.2021) во 11.45 часот на ул.„Тодор Чангов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле М.П.(53) од Скопје.

Тој се барал за издржување на казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. М.П. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.