На 28.12.2017 година во 11:00 часот З.Ч. (41), вработен во Прифатниот центар за азиланти во Визбегово, пријавил дека бил нападнат.
Тој пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот во ходникот на административната зграда физички бил нападнат од страна на лице барател на азил, евидентиран како М.М. (35) од Либија.
Пријавителот бил удрен со тупаница во пределот на главата.
Причина за нападот било тоа што М.М. ја побарал јакната на З.Ч. и откако овој не му ја дал, физички го нападнал. Се работи на целосно расчистување на случајот.