понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Човечки леш пронајден во Вардар – ЕСЗ на терен, телото не може да се извади

Човечки леш пронајден во Вардар – ЕСЗ на терен, телото не може да се извади

Човечки леш, заглавен помеѓу карпи бил забележан вчера во водите на Вардар во близина на селото Сопот.

Случајот во СВР Велес бил пријавен околу 12:30 часот.

-Екипа од Единицата за специјални задачи излегла на лице место, но поради временските услови и непристапниот терен, не успеале да го извадат телото од водите на реката. Денеска припадници на Единицата за специјални задачи ќе продолжат со преземање мерки за вадење на телото од водата, информираат од МВР.