На пешачки премин кај Сити мол, загина 24 годишна девојка откако била прегазена од возило, информираат од порталот А1он.
Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Тојота“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што се здобила со смртни повреди.
Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Полицијата моментално е на терен и врши увид на местото на несреќата.