На 01.01.2018 година во 03,15 часот во Единицата за информации и команда-Скопје, Е.Т. (1991) од Скопје , пријавила дека истиот ден околу 01,30 часот, на ул.„23 Октомври“ пред влезот од зграда бр.20, од страна на непознат сторител и било извршено разбојништво.
При разбојништвото и бил одземен ранец во кој имало паричник со лични документи (лична карта, возачка дозвола, возачка книшка, трансакциска картичка и штедна книшка од банка во која имала 2000 денари, мобилен телефон „Ајфон 6-Ѕ“,по што сторителот напуштил лице место.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.