четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дилер од Радовиш падна во рацете на полицијата

Дилер од Радовиш падна во рацете на полицијата

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.К.(25) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

Во текот на јануари 2019 година во неговата куќа во Радовиш пријавениот вршел продажба на марихуана, при што на повеќе лица им овозможувал и да ја конзумираат во неговиот дом.

При претрес во неговиот домот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.