четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма кај поликлиника Бит Пазар: Четири лица ограбени под закана со пиштол

Драма кај поликлиника Бит Пазар: Четири лица ограбени под закана со пиштол
илустрација

На 15.09.2020 во 00:49 часот во Полициската станица Чаир, Р.С.(36) од Скопје пријавил дека, додека со патничко возило „даеву рејсер“, со скопски регистарски ознаки, бил на паркинг просторот позади поликлиника Бит Пазар, заедно со Р.К.(19), С.А.(31) и Р.В.(28), сите од Скопје, неколку лица со закана со пиштол им одзеле пари и лични документи.

Притоа, според пријавеното, лицата испукале два куршума во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.