четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Охрид: Се скарале поради недоразбирање во сообраќајот, па си ги оштетиле возилата

Драма во Охрид: Се скарале поради недоразбирање во сообраќајот, па си ги оштетиле возилата

На 01.07.2021 во 12:10 часот во Охрид од полициски службеници бил приведен В.Ѓ.(28) од Битола, поради тоа што околу 10:25 часот, по претходна вербална расправија поради недоразбирање во сообраќајот, физички ги нападнал Љ.З.(38) и Љ.Н.(63), двајцата од Охрид.

Според пријавеното при нападот тој употребил тврд предмет, притоа оштетувајќи му го и возилото кое го управувал Љ.З., а им се заканувал и со остар предмет, по што Љ.З. со тврд предмет го оштетил возилото и на пријавениот.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.