недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца пешаци тешко повредени во Скопје

Двајца пешаци тешко повредени во Скопје

Двајца пешаци се здобиле со тешки повреди во две одвоени сообраќајни несреќи кои се случиле вчера во Скопје.

Првата се случила во 07.40 часот на улица „Скупи“  кога товарно возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(50) од Скопје, удрило во пешакот Н.М.(35) од с.Радуша, скопско.

Втората несреќа се случила во Кисела Вода, во 11.50 часот на крстосницата од улиците „Народни херои“ и „Христо Татарчев“ во Скопје.

-Автомобил „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(42) од Скопје,  удрило во пешакот Б.П.(66) од Скопје, информираат од МВР.

Двете лица се здобиле со тешки повреди и биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Полициски екипи извршиле увид на местата на несреќите.