Едно лице загинало во една од вкупно 40 сообраќајки регистрирани за продолжениот празничен викенд на подрачјето на СВР Скопје.
Во две сообраќајки биле потешко повредени три лица, а во 19 со полесни повреди се здобиле 19 лица. Во 18 незгоди била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Деведесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци.
Од сообраќај биле исклучени осум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 25 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца возачи почетници, како и 19 нерегистрирани возила. Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 88 возила.