Експлозија на плинска боца се случила вчера околу 10 часот во куќа сопственост на Ф.Т. (28) во с.Доброшане, кумановско.
Во експлозијата е повреден Ф.Т., а истата настанало откако тој запалил шпорет на дрва на кој била поставена плинска боца, која притоа експлодирала.
-Ф.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.