В.С.(63) од село Врапчиште вчера во повреда на левата страна од стомакот нанесена од нож бил донесен во гостиварската болница.
-Истиот ден околу 22:20 часот во Врапчиште пред куќата на А.А.(68) по претходна расправија поради паркирано патничко моторно возило, А.А. од дома земал кујнски нож и го прободел В.С. во пределот на стомакот. В.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, информираат од полицијата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.