Околу 100.000 денари се одземени рано утрово од казино на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, соопшти МВР.
Кражбата ја извршило засега непознато лице, кое маскирано и вооружено со пиштол и се заканило на вработената, ги земало парите и побегнало.
Случајот е пријавен околу 4:50 часот во Секторот за внатрешни работи- Скопје. Се преземаат мерки за негово целосно расчистување.