четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Грабеж во аптека во Порта Влае

Грабеж во аптека во Порта Влае

Грабеж е извршен синоќа во аптека во населбата Порта Влае.

Вработена во аптеката, како што соопшти МВР, околу 21 часот пријавила дека непознат сторител извршил разбојништво над неа.

Сторителот со закана од нож го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.