Нема повредени во пожарот, што избувна попладне во подрумски простории на повеќекатница на ул.„Владимир Комаров“ во скопската општина Аеродром.
– Пожарот е изгаснат и се работи на расчистување на теренот, потврди за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Град Скопје.
Поради се уште високата температура во просториите не може да се направи првична проценка на причинетата материјална штета, а дополнитело ќе се утврдува и причината за пожарот.
Во гаснењето учествуваа седум пожарни возила и 20 пожарникари.
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита попладнево интервенираа и во гаснење на пожар што избувна во куќа во скопското село Јурумлери.