На 30.12.2017 година во 03:15 часот во с. Ваташа-Кавадарци, на ул„Страшо Пинџур“, поточно кај последниот мост, се случила сообраќајна незгода во која М. Л. (1987) од Кавадарци , управувајќи патничко моторно возило ,,Форд Фокус,, со велешки регистарски ознаки, излетал од мостот и паднал во реката Луда Мара.
Во незгодата, возачот М.Л се здобил со тешки телесни повреди (повреда на главата и градниот кош), и по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа во Кавадарци, поради сериозноста на повредите, неконтактибилен и во животна опасност е префрлен во Ургентен центар Скопје.
Таму е задржан на интензивно лекување. Увид на лице место извршила екипа од од Полициската станица Кавадарци.