На стариот пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска, било пронајдено телото на Д.С. (60) од Охрид.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
Д.С. на 7 февруари бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга Н.С.
По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.