понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за 22 годишно момче од Скопје поради сомнение дека продавал дрога

Кривична пријава за 22 годишно момче од Скопје поради сомнение дека продавал дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицето И.Ј. (22) поради основи на сомнение дека извршил  кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Имено, по претходно пронајдените пакувања со наркотична дрога -марихуана во автобус на редовна линија Скопје-Дортмунд,  за што јавноста беше веќе информирана, СВР Скопје презема мерки и активности за откривање и докажување на сторителот кој што имал намера да ја транспортира наркотичната дрога -марихуана надвор од Република Македонија.

На 07.04.2018 околу 11:30 часот во автобус со скопски регистерски таблици кој сообраќал на редовната линија Скопје-Дортмунд, била пронајдена марихуана за која никој од патниците не се јавил како сопственик.

Од страна на полициски службеници, а во координација со дежурен Јавен обвинител веднаш се преземени оперативни мерки за документирање и расчистување на кривичното дело, односно за откривање и идентификување на сторителот. Притоа, според доказите и добиените оперативни сознанија, како сторител на кривичното дело е идентификувано лицето И.Ј. (22) од Скопје.