четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична за измамници: За наводно средување на виза добиле речиси 6.500 евра

Кривична за измамници: За наводно средување на виза добиле речиси 6.500 евра

СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица, во два одвоени случаи, за сторена измама.

Во првиот случај пријавата е поднесена против 41 годишната А.А. од Тетово која минатата година на 44-годишен тетовец лажно му се претставила како вработена во МВР, а во исто време времено вработена и во странска амбасада, по што му ветила дека ќе му заврши работа за добивање на виза и му побарала да ѝ плати 800 евра.

Како што информира МВР оштетениот ѝ ги дал парите, но до пријавувањето на настанот на 04.05.2023 година, тој не добил виза, односно сфатил дека бил измамен.

Во вториот случај, кривична пријава заработи М.И. (33) од тетовска Мала Речица.

-Во периодот од јануари до април 2023 година, три лица од Тетово и тетовско стапиле во контакт со пријавениот за да им помогне за побрзо закажување на термини во странска амбасада за добивање на виза. Притоа, тој побарал преку брз трансфер на пари да му уплатат парични средства на негово име и им ветил дека во рок од две недели ќе им закаже термин. На овој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 5.600 евра, истакнуваат од МВР.