петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Лишен од слобода струмичанец кој поседувал марихуана

Лишен од слобода струмичанец кој поседувал марихуана

Полициски службеници вчера при контрола на патничко возило „Фолксваген“ со велешки регистарски ознаки на регионалниот пат Дојран – Богданци од слобода го лишиле П.К. (30) од Струмица, кој се барал по наредба од Основниот суд Струмица.

МВР информира дека при прегледот во неговата јакната била пронајдена марихуана спакувана во лимена кутија.

Со лицето бил извршен разговор и по изготвување на потребната документација тој ќе биде предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.