ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.З.(47) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.
На 17.12.2022 во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.