вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од Косово сакал да внесе 15 килограми марихуана во Македонија

Маж од Косово сакал да внесе 15 килограми марихуана во Македонија

Во реонот на Полициската станица за граничен надзор „Блаце“, вчера околу 20:00 часот кај местото „Терминал“, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ф. Д. (33) од село Пустеник, Косово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Како што соопшти МВР, полициски службеници го забележале лицето како се движи од Косово кон Република Македонија и при преглед кај него, во вреќа, биле пронајдени 14 пакувања со околу 15 килограми марихуана.

Лицето било предадено во Полициската станица Бит-пазар за понатамошна постапка, а дрогата била одземена и дадена на вештачење.

По целосно документирање на случајот, СВР Скопје – Еденица за недозволена трговија со дрога и оружје ќе поднесе соодветна пријава.