На 26.12.2017 годинa во 00:30 часот на бул. „Србија“ се случила сообраќајна незгода во која возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки управувано од С.М. (30) од Скопје изгубилo контрола над возилото и удрилo во метална канделабра, рекламен билборд и ограда.
Од незгодата со повреди се здобил возачот кој со возило на брза помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Тој се наоѓа во животно загрозувачка состојба.