На 14..07.2023 во 23.25 часот во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода М.П.(37) од Неготино бидејќи претходно физички ја нападнал неговата сопруга и нејзиниот татко и им се заканувал со нож, информира МВР.
Лицето било задржано во полициска станица, а ножот бил пронајден и одземен.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.