вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Млад струмичанец доби кривична, консумирал марихуана во својот дом, а поседувал огромна количина

Млад струмичанец доби кривична, консумирал марихуана во својот дом, а поседувал огромна количина

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.А.(22) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги’’.

На 16.12.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 2.9 килограми марихуана.

За време на претресот бил затекнат и М.А.(20) од Берово, кој заедно со пријавениот консумирал марихуана.