На 31.07.2023 во 22:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Имер Призрени“ и ул.„Христофер Жефаровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено канго“, управувано од К.Т.(63) од Скопје и мотоцикл „хонда“, управуван од С.А.(30) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.