На 09.08.2023 во 21.30 часот во ОВР Гостивар вило пријавено дека на локален пат Дебреше – Врањовце, гостиварско, Б.К.(42) од Врањовце, управувајќи мотоцикл ,,пежо“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.