Денеска со брза интервенција на полицијата, во Бутел е пронајдено патничко возило “ауди”, сопственост на Р.Ф., кој околу 15.00 часот во Полициска станица Чаир го пријавил дека му било одземено, велат од МВР.
Според пријавеното, тој возилото го оставил со клучеви во брава, пред угостителски објект во Скопје Север, а неговото внимание било искористено и возилото му било одземено.
По добиената пријава, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир веднаш излегле на терен и по преземени мерки и активности го пронашле возилото паркирано на ул. “Гвадалахара”. По извршениот увид одземеното возило ќе биде вратено на сопственикот.