Ноќеска, неколку минути по полноќ, во скопското село Побожје, бил пронајден запален автомобил.
Од МВР утврдиле дека запалениот автомобил е „голф 1“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на Н.М. од село Кучевиште, скопско, кој претходно пријавил кражба на возилото.
-Од 05.01.2018 година возилото се бараше по телеграма од Полициската станица Чаир. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за утврдување на причините за настанување на пожарот, велат од МВР.