Министерството за внатрешни работи денес соопшти детали за железничката несреќа во која едно лице загина, а три се повредени.
Несреќата, информира МВР, се случила вчера околу пладне на обележан патен премин кај стојалилште Ногаевци.
Товарeн воз кој сообраќал на релација Трубарево-Градско, удрил во автомобил „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки, кое ја поминувало железничката пруга, а било управувано од Љ.Т.(64) од с.Раштани, велешко.
-Од здобиените повреди на местото на незгодата починал М.Ѓ.(24) од с.Ногаевци, додека со тешки телесни повреди се здобиле А.В.(47), С.В.(58), двајцата од Градско и Л.Д.(51) од с.Виничани – Градско, сите сопатници во возилото, информираат од МВР.
Тие биле пренесени во Медицински центар во Велес за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.