петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за сообраќајката во која загина мотоциклист на патот Гостивар-Кичево

МВР со детали за сообраќајката во која загина мотоциклист на патот Гостивар-Кичево

На магистралниот пат Гостивар – Кичево вчера околу 14:30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Јамаха“ со скопски регистерски таблици, управуван од А.Х. (25) од с.Здуње-гостиварско, и трактор со приколка управуван од А.Ш.(26) од с.Равен-гостиварско.

На местото на настанот од здобиените повреди починал возачот на моторциклот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.