Сообраќајна несреќа во која тримесечно бебе го загуби животот на лице место се случи вчера околу 17:20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, помеѓу с.Србјани и с.Староец.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(48) од Кичево, возило „Алфа Ромео“ со словенечки национални ознаки управувано од М.С. (52) од с.Пласница и товарно моторно возило „Даф“ со кичевски регистерски таблички, управувано од Д.Д.(29) од Кичево.
-На местото на настанот од здобиените повреди починало три месечно бебе. Со тешки телесни повреди повреди се здобиле возачот Голфот и сопатник во возилото Л.Б.(51), кои по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево се упатени во комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „Алфа Ромео“ кој бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“-Охрид, а со телесни повреди се здобиле 13- годишно дете и А.А.(41), двајцата од село Пласница, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот е извршен од страна на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кичево и увидна екипа од Полициска станица Кичево.