понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР трага по разбојниците: Детали за филмскиот грабеж во Скопје

МВР трага по разбојниците: Детали за филмскиот грабеж во Скопје

Денеска околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во банка на улица „Јадранска Магистрала“ непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума на пари, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Пред кусото соопштение од МВР, КУРИР објави дека пет маскирани вооружени разбојници ограбиле експозитура на на Јадранска магистрала.

Како што неофицијално дознава КУРИР, вооружени лица влегле во банката и им се заканиле на вработените.

Вперувајќи кон нив „калашникови“, ги принудиле да легнат на подот, а потоа одзеле непозната сума на пари.

По грабежот кој наликувал на сцена од филм, разбојниците избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.