На 26.03.2023 околу 15.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле А.Т.(31) од тетовски Пирок, кој претходно, на фудбалски натпревар на кој настапил за екипата на Пирок, физички го нападнал главниот судија на натпреварот, незадоволен од негова одлука.
Се расчистува и документира случајот и на А.Т. ќе му биде изготвен поднесок.