сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нејзината ќерка била позитивна на коронавирус, а таа излегувала надвор со неа

Нејзината ќерка била позитивна на коронавирус, а таа излегувала надвор со неа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против А.М.(32) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19.07.2020, при контрола од полициски службеници пријавената, заедно со нејзината малолетна ќерка, не биле затекнати во домот.

Малолетничката на 19.06.2020 била тестирана од страна на Државен санитарен инспекторат и била позитивна на Ковид-19, по што ѝ било издадено решение за изолација во домашни услови, сѐ до добивање на два последователни теста со негативен наод, а во моментот кога е извршена контролата таа немала добиено решение со кое престанува самоизолацијата.