петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нова трагедија во Македонија: Загина жена, повредени 6 лица меѓу кои две деца

Жена го загуби животот, а шест лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 18 часот се случила на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за с.Камењане.

Според информациите од полицијата во сообраќајката учествувале две патнички возила „Опел корса“ со тетовски регистерски таблички управуван од В.С.(37) од Урвич и „Форд куга“ со швајцарски таблички, што го управувал Л.О. (42) од Кичево.

-Во несреќата возачот на „Корсата“ и неговата сопруга Е.С.(32) се здобиле со тешки телесни повреди. Тие биле пренесени во тетовската клиничка болница, каде Е.С. починала. По укажаната лекарска помош, В.С. бил префрлен во комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди, се здобиле пет сопатници во „Корсата“ на возраст од две, шест и три лица на возраст од 20 години кои, исто така, со медицинско возило биле пренесени во тетовската клиничка болница,  а по укажаната помош се пуштени на домашно лекување, информираат од МВР.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи и се работи на целосно расчистување на случајот.