Синоќа околу 20.50 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во маркет во близина на Драмски театар непознато лице со нож се обидело да ги нападне и ограби вработените, но откако не успеал во намерата побегнал во непознат правец.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на настанот.