сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ограбена фирма во Скопје: И се заканил со пиштол, па и ги земал парите

Ограбена фирма во Скопје: И се заканил со пиштол, па и ги земал парите

Полицијата синоќа во 18.55 часот го привела Л.Ш. (26) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „разбојништво“.

Од МВР денеска појаснуваат дека полициски службеници на СВР Скопје на улица „ВМРО’’ го привеле Л.Ш. кој извршил разбојништво во фирма на улицата „Ѓорче Петров“ и со закана со пиштол од вработената одзел пари, но по преземени мерки од полициските службеници е лишен од слобода.

Л.Ш. е осомничен и за уште пет други разбојништва извршени на подрачјето на град Скопје.