Во Полициската станица Центар вчера во 20.15 часот, А.Г.(45) од Скопје пријавила дека околу 18.50 часот на ул.„11 Октомври“ во паркот „Жена борец“, три лица со закана одзеле пари од нејзиниот малолетен син.
Исто така вчера во 20.10 часот во Полициската станица Центар, Б.M.(38) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на кеј „13 Ноември“ неколку малолетници со закана одзеле лични работи од 15-годишен малолетник од Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.