Грабеж е извршен рано изутринава во казино во Скопје, соопшти МВР.
Непознато лице во 3:45 часот насилно ја отворило влезната врата од казиното на булеварот „Крсте Мисирков“, влегло внатре и со закана со пиштол од вработената одзел пари од дневниот промет, по што го напуштил местото на настанот.
Се работи на целосно расчистување на случајот.