четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицискиот билтен преполн со приведени лица поради дрога

Полицискиот билтен преполн со приведени лица поради дрога

На 31.12.2022 во 21.30 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода Е.П.(47) од Кичево затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2022 во 23.50 часот на ул.„Бледски договор“ во Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2023 во 14.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.И.(31), Ј.И.(26), двајцата од с.Долно Палчиште, тетовско, И.Х.(25) и  М.Х.(28), двајцата од Тетово, затоа што при преглед кај нив, кај И.Х. била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2022 во 22.00 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.01.2023 во 03.00 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода К.Н.(29) од с.Јанковец затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2022 во 15.40 часот на ул.„Никола Русински“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.А.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2022 во 20.00 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Џ.С.(51) од с.Калиште, гостиварско, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.