Пожар зафатил стара куќа попладнево во кавадаречкото село Бегниште, повредени нема.
Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски изјави дека со тројца пожарникари и две противпожарни возила успеале да спречат огнот да се прошири на околните објекти во селото, пренесува МИА.
Богоевски рече дека пристапот до куќата бил многу тежок и дека едно од противпожарните возила се излизгало од патот.
Тој упати апел за внимателност, особено вечерва кога ќе се палат коледарски огнови.