Седумдесет годишна жена го загуби животот во пожар кој утринава избувнал во нејзиниот стан лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Од полицијата информираат дека пожарот избувнал од засега непознати причини, а во истиот починала сопственичката М.Д. која живеела сама и била неподвижна.
Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.