понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на сопружниците кои вчера загинаа во струмичко

Министерството за внатрешни работи соопшти нови информации за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица.

Околу 14.10 часот било пријавено дека во село Колешино, струмичко, Т.Н.(70) од село Мокриево, струмичко, управувајки патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, со возилото излетал од патот.

Од здобиените повреди на местото починале возачот и сопатничката Н.Н.(68) од село Мокриево, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт, а увид извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.