Уште една потресна вест за нашиот спорт.
Во сообраќајна несреќа ова попладне загина Арбер Шаќири, професионален велосипедист.
Замина уште еден млад живот на место каде посветуваше многу време од својот спортски живот возејќи велосипед.
За жал во Македонија нема соодветни патишта за вистинско професионално тренирање велосипедизам и затоа Арбер и неговите колеги спортисти беа изложени на опасности по нашите автопати.
Ова беше кобно и замина млад спортист, татко на две деца.
Колку е тешко да бидеш професионален индивидуален спортист и да се одржуваш на некое врвно ниво во Македонија на сите ни е добро познато.
И уште ова кога ќе се случи со право се запрашуваме…
Вреди ли ?!?!?!?!?!?!?
Почивај во мир Арбер…
Интегрален текст од Фејсбук статус