На 28.12.2022 во периодот од 17.00 до 21.00 часот, при преземање службени задачи, полициски службеници од СВР Тетово на плоштадот во Тетово, на влез на трговски центар, пронашле околу 4100 парчиња разновидни пиротехнички средства.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.