вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Претреси во Битола и Струмица: Пронајдена дрога, приведени дилери

Претреси во Битола и Струмица: Пронајдена дрога, приведени дилери

На 08.04.2022, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Л.(39) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така вчера, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Ф.(32) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.