четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

При претрес во беровско пронајдени 185 кг. марихуана

При претрес во беровско пронајдени 185 кг. марихуана

Во викенд куќа на место викано „Суви Лаки“, атар на општина Берово, сопственост на лицето: М.П (63) од Струмица, а која ја користи и неговиот син М.П.(21) од Струмица, вчера врз основа на Наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд – Берово, извршен е претрес на дом и помошни простории – при што во помошна просторија (остава-шупа), пронајдена е марихуана спакувана во 18 полиетиленски кеси со маса од околу 185 кг.

По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Лицето М.П (21) од Струмица е лишено од слобода и задржано во СВР Струмица.

СВР Струмица работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.