сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен 46. годишник од скопски Аеродром – се барал со потерница за доиздржување казна затвор

Приведен 46. годишник од скопски Аеродром – се барал со потерница за доиздржување казна затвор

На 08.09.2021 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода А.Б.(46) од Скопје, кој се барал по потерница, за доиздржување на казна затвор од 4 години и 8 месеци за сторени кривични дела по член 131 став 1 и член 237 став 2 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.